„Не плачи Франција“: Aргентинците со петиција до Французите да не плачат за поразот

t

Повеќе од 500.000 луѓе се потпишаа на онлајн петиција поведена во Аргентина со која се бара „Франција да престане да плаче“ по поразот во финалето на Светското првенство во Катар.

„Откако победивме, Французите не престанаа да плачат и да се жалат, и не прифаќаат дека Аргентина е светски првак“, изјави Валентин Гомез, иницијаторот на петицијата насловена „Франција, престани да плачеш‘, која на страницата Change.org досега собра 570.768 потписи.

Судењето во минатонеделното финале од страна на полскиот арбитер Шимон Марчинијак предизвика критики во Франција, вклучувајќи ја и неговата одлука да досуди пенал по прекршокот на Усман Дембеле над Анхел Ди Марија во првото полувреме.

Французите се жалеа и поради непочитување од поедини аргентински репрезентативци по победата, а пред сè од односот на голманот Емилијано Мартинез.

Меѓу нив се јави и претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел ле Грет, кој му пиша на својот аргентински колега Клаудио Тапи дека е вџашен од „испадите“ за време на аргентинското славје на титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На професорот му пукна филмот: Eве што…

Со поврат на инвестицијата од 0,5% годишно…

Вештачката интелигенција влегува во македонското образование, најави…

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека…

Портпаролот на Комисијата за национална безбедност на…

Портпаролот на Комитетот за национална безбедност и…

Ќе се проба приватно: Зоран Ставрески не…

Некогашниот вицепремиер за економски прашања Зоран Ставрески…

ЕСМ за испадот на Блок 2: Имавме…

ЕСМ реагира на денешните обвинувања на СДСМ…