Не постои бугарска влада која повторно би преговарала за францускиот предлог, тврди Чернева
„Не гледам како може повторно да репреговаран т.н. француски предлог за Македонија. Сметам дека одложувањето на уставните измени е трагично губење време за жителите на земјата. Тие треба да имаат шанса да започнат преговори за членство во ЕУ“, изјавила бугарската експертка и советничка за надворешна политика на поранешниот премиер Кирил Петков, Весела Чернева за бугарска „Нова“.
„Штета што нема промени во Уставот на Македонија, каде што треба да се споменат и Бугарите. Преговорите веќе можеа да започнат“, смета таа.
Чернева оценува дека не постои бугарска влада која би почнала повторно да преговара за францускиот предлог.
„Преговорите што ги водевме беа со голема внатрешно-политичка цена“, додава експертката.
Таа гледа три опции за евроатлантската иднина на Македонија.
„Ако РСМ го врати процесот назад, ќе заостане со години. Втората опција е да почнат преговори со прифаќање на понудата. Третата опција е конечно да ѝ се сврти грб на европската перспектива на земјата“, појаснила Чернева.
Според неа, постигнатото треба да се искористи и надгради.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…
Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…
Бугарскиот парламент забрани промоција на нетрадиционална сексуална…
По повеќе од 4 часа дебати и…
Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…
Двометарски нилски крокодил живее во јама на…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…