Не претерувајте со медот, може да ви се слоши: Се купува ли од професорска плата “црна лимузина”, куќи, станови, уметнички слики…?!
Дека со професорска плата може да се живее доволно луксузно, на слично ниво со бизнисмени и сопственици на компании доказ е професорот на економскиот факултет Трајко Славевски, актуелен претседавач со Советот на Градот Скопје, поранешен министер и љубител на “црни лимузини”.
Во анкетниот лист доставен до Државната комисија за спречување на корупција, Славевски пријавил дека поседува автомобил Ауди А6 модел од 2019 година во вредност од 3.000.000 денари.
Аудито на Славевски стана актуелно во јавноста откако во Советот на Град Скопје истиот се пофали дека има “црна лимузина” поубава од автомобилите на сите таму присутни. До ваквиот муабет дојде откако градоначалничката Арсовска кажа дека Славевски ја опструирал работата на Советот, односно барал од Градот да му обезбеди службено возило и најнов Ајфон како службен телефон.
Како што можете да видите од податоците со кои располага ДКСК, покрај луксузното возило Славевски поседува и стан во Скопје во вредност од 8.000.000 денари, стан во Охрид во вредност од 5.600.000 денари, гаража од 600.000 денари во Скопје, дел од куќа во Охрид во вредност од 600.000 денари.
Славевски очигледно е љубител и на уметноста па поседува уметнички слики во вредност од 100.000 денари, има два девизни депозити во Стопанска банка, едниот од 20.127,8, евра, а другиот 4.168, 48 американски долари. Покрај ова има и денарски депозит од над 4.000.000 денари.
Целиот имот, Славевски покрај неговата професорска плата, која не открива колку изнесува туку само нагласува дека е професор 40 години, ја оправдува со големата плата на неговата сопруга која е директор на банка.
Сепак на јавноста ѝ е општо познато дека Славевски, иако 40 години се смета себеси за интелектуалец, не успева да реагира интелектуално кога во Советот на Градот Скопје некој ќе го спомене името на шпицниот градоначалник Мицкоски.
Последниот испад на Славевски беше физичкото одземање на микрофонот на Градоначалничката Данела Арсовска со што тој направи досега невиден преседан, за првпат градоначалник беше спречен да го искаже својот став во Советот.
Кога станува збор за професорската професија, Славевски во интервју со Васко Ефтов спомна дека ги тера студентите во нивните семинарски работи да го употебуваат новото уставно име на државата, односно да ја пишуваат и придавката “северна”.
Но Славевски во минатото очигледно не знаел дека неговата професорска кариера ќе тргне така добро и дека ќе заработува за да може да си купи “црна лимузина”, па според некои информации истиот штрајкувал за државата да му даде општествен стан.
Но човек никогаш не знае што ќе му донесе судбната, еднаш штрајкуваш за општествен стан, другпат купуваш црни лимузини…
Дали Славевски бил “со среќна ѕвезда” или и тој брцнал “со рачињата во медот” останува да видиме, а во меѓувреме, не претерувајте со медот, може да ви се слоши…