Не’ продава и кога не е премиер? Заев се сретна со Кирил Петков во Анталија – И Филипче се прошета со него
Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија каде деновиве заедно со Венко Филипче учествувам на покана на Претседателот на Турција, Ердоган и на МНР на Турција, Чавушоглу, напиша Заев на својот фејсбук профил.
Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Македонија со своите соседи.
Особено ме радува што имав прилика да ги сретнам моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други.
Пренесувам дома пораки на поддршка од нашите пријатели од Европа и пошироко, кон сите македонски граѓани, кон Претседателот на државата Пендаровски, кон претседателот на Собранието Џафери, кон пратениците од Парламентот и кон нашиот премиер Ковачевски.
Заев се сретна и со бугарскиот премиер Кирил Петков.
Линк од Фејсбук статусот на Заев: https://www.facebook.com/zaevzoran/posts/pfbid02DRNMe2GngWyxVrF39E4EzwXDezWskLhtHpTWGrYjX6toYhn3f2L2e2yTr9QUwjU4l
Погледнете ги фотографиите во продолжение:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил
Министерството за внатрешни работи на Украина објави…
Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…
Не може да има „пасивен став“ кога…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
На денешен ден Заев и Димитров беа…
На денешен ден пред 6 години тогашниот…
Децата на политичката елита профитираат од брзите…
Децата на политичката елита профитираат на грбот…