Не се бранат луѓе, се работи за приниципи: Процесите против Камчев, Мијалков, Груевски и сите останати беа само ПР за зачувување на власта
Коментирајќи ги последните случувања околу процесите и решението за ослободување од притвор, па доделувањето на ново решение и противправното држење во пртивор на Сашо Мијалков повеќе од 7 часа, уредникот на Инфомакс Александар Митовски истакна дека досега ниту судот, ниту обвинителството не успеал да докаже вина на екс директорот на УБК во ниту еден од случаите.
Напротив процесите против Мијалков, Камчев, Груевски и сите останати кон кои власта спроведува политички прогон беа само ефтин ПР за зачувување на фотељите.
-Говориме за принципи, фактичката ситуација е дека на ниту едно рочиште, ниту еден обвинител не успеа да обезбеди доказ кој што ги покрепува обвиненијата за Мијалков. Еклатантен пример е рочиштето за Трезор, таму обвинителот се повикува и тврди дека Сашо Мијалков бил во Лондон во фирма која произведува системи за прислушкување и таму нарачал два системи, едниот го пријавил државен и другиот не го пријавил. Одбраната на Сашо Мијалков обезбедува исказ од фирмата во кој што вели дека таков човек не познаваат, ниту пак некогаш бил на состанок и таква опрема не испорачале, тоа судот не го признава. И кога немаш доказ и со што да го притиснеш, тогаш излегува премиерот и ја превзема улогата на судија или обвинител и вели ќе му ги стиснеме децата и ќе го добиеме од него она што го бараме. А што бара власта од Мијалков, од Камчев, од Груевски, од Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска, Спиро Ристовски и сите оние кои се под прогон изминатива 4-5 години, тие се само погодна почва за ПР. Оваа власт нема ниту еден реален опиплив проект и мораат нивното владеење да го покријат со нешто. Ова поминува 4 ипол, пет години, вели Митовски
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Трезор”, според неговата одбрана, во јули 2010 година во Лондон не договарал набавка на опрема за потребите на УБК.
– Не е точно дека Мијалков од 7.7.2010 – 9.7.2010 во Лондон договарал со компанијата ГАМА за било каква опрема на УБК при МВР. Целото обвинение е конструкција, изјави адвокатот Петар Василев.
Toкму за ваквото тврдење на Василев постојат и сериозни докази односно допис од фирмата во кој се потврдуваат наводите на одбраната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…
Од политичката партија „Левица“ велат дека се…