Не снемува константно: Македонија во светскиот врв според падот на населението

t

Ако продолжи актуелниот тренд на намалување на населението, Македонија до 2050 година ќе загуби речиси 11 отсто од сегашниот број жители, објави порталот Visual Capitalist, повикувајќи се на податоци од Обединетите нации и Светска банка.

Според проекциите до 2050 година, населението во земјава, чијшто број и онака е во опаѓање, како што покажа пописот одржан лани, ќе се намали за дополнителни 10,9 отсто, односно во Македонија ќе живеат близу 200.000 луѓе помалку од денес. Македонија е 18-та на листата од 20 земји со најголем проектиран пад на населението во следните децении.

Далеку на врвот на оваа листа е Бугарија, чие население се очекува да се намали за 22,5 отсто во следните 28 години и да достигне 5,4 милиони луѓе (пад од 60% од 9 милиони во 1987 г.). Зад неа се Литванија, Летонија, Украина и Србија.

Забележително е што меѓу 20-те земји за кои Обединетите нации очекуваат населението најмногу да се намали до 2050 година, се наоѓаат сите земји од регионот Западен Балкан, како и дека повеќето земји на листата се од Европа (исклучок се само Јапонија и Куба).

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…