,,Не сум го украл ехо-апаратот, тој е голем колку врата”, вели екс-директорот на кичевската болница

t

Шокантно и погубно за мојата репутација е на вести да гледам лаги, дека „полицијата ми нашла украден ехо-апарат“ дома, а ехо-апаратот никогаш не ги има напуштено просториите на болницата, ниту пак полиција дошла кај мене дома, вели за „Слободен печат“ Станко Трпески, поранешниот директор на болницата во Кичево, откако МВР му поднесе кривична пријава дека „додека бил директор неовластено присвоил дониран ехо-апарат од болницата“.

Трпески за „Слободен печат“ вели дека апаратот никогаш според неговите сознанија – не ја напуштил болницата во Кичево.

-Тој апарат е голем колку врата, а во целата болница има камери. На ехо-апаратот има баркод и во која било здравствена установа да завршел – би бил најден. Ниту сум го зел, ниту ми е потребен – изјави доктор Трпески за „Слободен печат“.

Тој ова го смета за политички исценирана хајка, која има за цел да му ја наруши репутацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

,,Не сум го украл ехо-апаратот, тој е…

Шокантно и погубно за мојата репутација е…

Сијарто: Следните два месеци ќе бидат најопасните…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

„Курти е еден од најомилените премиери за…

„Претседателот на Владата на Република Косово, Албин…

Одмаздата зпочна: Русија изврши серија жестоки напади…

Во руски напади низ Украина загинаа најмалку…

Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај…

На 18.11.2024 во 20.50 часот на Граничен…