НЕ ФРЛАЈТЕ ВЛАЖНИ МАРАМЧИЊА ВО ТОАЛЕТНА ШКОЛКА, ЌЕ ВИ СЕ ПОПЛАВАТ ДОМОВИТЕ! Што ти нема во канализациската мрежа во Струга

t

Кожи и внатрешни органи од животни, камења, ќебиња, перници, се само дел од отпадот изваден од шахтите и канализациската мрежа во Струга, информира за МИА директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Дашмир Насуфи.

Тој вели дека најголем проблем со кој се соочуваат екипите на претпријатието е несовесноста на граѓаните, кои намерно фрлале отпад во канализацијата. Пример за тоа, нагласи, се наполнети шахти со камења, а од канализациската мрежа меѓу другото било извадено и пцовисано јагне.

– И во овие летни месеци кога туристите и посетителите во Струга уживаат во убавините на езерото, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ секојдновно се борат да го стават системот за одведување фекални води во функција – истакна Насуфи.

При вршење на работните задачи, тимовите на струшки „Водовод и канализација“, секојдневно наоѓале влажни марамчиња.

– Нашите тимови секојдневно се борат со чистење огромни количини марамчиња наталожени на канализациските цевки, шахти и пумпни станици. Апелираме до граѓаните и туристите, искористените влажни марамчиња да ги одложуваат во кантите за отпад, наместо во санитариите – изјави Насуфи.

Тој посочи дека несоработката и непридржувањето кон домаќинските практики може да доведе до колапс на системот и домовите да бидат поплавени од фекалии.

Фото: ЈП „Водовод и канализација“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани

Вчера во 5:30 часот на граничен премин…

Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…

„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран:…

Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран…

(Видео) Експлозии во Техеран! Израел вели ќе…

Според АФП и државните медиуми на Иран,…

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…