Не ќе да е ненамерно: Откриена втора серија тајни документи кај Бајден, овојпат во неговата куќа!
Новата серија документи со ознака „тајно“ е пронајдена во гаражата на американскиот претседател Џо Бајден во неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, јавуваат меѓународните новински агенции. Документите се предадени на Министерството за правда, при што Бајден потврди дека адвокатите пронашле „не добро обезбедени доверливи документи“ во неговиот дом.
Документите датираат од времето кога Бајден беше потпретседател на Барак Обама.
Ова е втора серија на доверливи документи на Бајден откриени во последните денови. Првиот пат тајни документи беа пронајдени во поранешната канцеларија на Бајден во Вашингтон пред два дена. Претседателот тогаш рече дека е изненаден. Откако беше откриена првата група доверливи документи, адвокатите на Бајден изјавија дека Националниот архив на САД бил известен за случајот и документите му биле предадени.
Во вторникот, Бајден рече дека тој и неговиот тим целосно соработуваат со истрагата за случајот, која ја водат Архивата и Министерството за правда.
Републиканците се залагаат за истрага, исто како што демократите го истражуваат Трамп дека криел доверливи документи во неговата резиденција на Флорида.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…
Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…
Бајден повторно фатен како чита одговори на…
Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…
Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…
Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…