Објавено на:

Нигер за повлекувањето на францускиот контингент: Колонијалните сили не се добредојдени!

t

Новите власти на Нигер, во врска со најавите за повлекување на француските војници, соопштија дека не е добредојдено присуството на колонијалните сили на територијата на земјата, се наведува во соопштението до кое Спутник имал пристап.
„Секоја личност, организација или структура чие присуство ги загрозува интересите на нашата земја мора да ја напушти земјата на нашите предци, без разлика дали тоа го сакаат или не. Суверениот народ на Нигер ја потсетува француската хунта на цврстиот и неприкосновен принцип на повлекување на странските сили. Империјалистичките и неоколонијалните сили не се добредојдени на нашата национална територија“, велат од Националниот совет за заштита на татковината, формиран од армијата на Нигер.

Претходно францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Париз го повлекува својот амбасадор во Ниамеј и целиот персонал на амбасадата во Нигер.

Освен тоа, Франција ќе ја прекине воената соработка со Нигер и ќе го повлече својот контингент до крајот на годината.
Претходно Нигер го затвори својот воздушен простор за француските авиони, пренесе АФП, повикувајќи се на воздухопловните власти на африканската земја.

Во моментов 1,5 илјади француски војници се стационирани во Нигер, а илјада во Чад, додека претходно, по смената на власта во Буркина Фасо и Мали, беа принудени да ги напуштат тие земји.

Претходно, бунтовниците во Нигер на 26 јули објавија дека го симнуваат Мухамед Базум од функцијата претседател на земјата, ги затвораат границите, воведуваат полициски час, го суспендираат уставот и забрануваат политички активности на партиите. На 28 јули тие објавија дека генерал Абдураман Тијани станал шеф на државата. За време на пучот, тој ја предводеше претседателската гарда, чии единици го приведоа и продолжуваат да го задржуваат Базум. Кабинетот на Базум прво тврдеше дека армијата не ги поддржува бунтовниците, но подоцна командата на вооружените сили се солидаризира со нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…