Ние, Америка и уште пет држави во ООН гласавме да продолжат санкциите кон Куба

t

Во нова демонстрација на беспоговорната послушност на актуелната македонска дипломатија кон САД и нивните интереси, денеска во Организацијата на обединетите нации, Македонија гласаше против резолуцијата со која се повикува на крај на американските санкции кон Куба, кои се во сила цели 63 години.

Резолуцијата беше усвоена со огромно мнозинство: 165 гласа „за“, 12 воздржани и седум гласа „против“ – САД, Македонија, Израел, Украина, Унгарија, Парагвај и Аргентина.

Во изминатите два дена, околу 50 говорници во Генералното собрание аргументираа за потребата да се укинат најдолгите санкции од САД кон некоја земја, воведени во далечната 1962 година како одговор на кубанската ракетна криза.

Во ООН секоја година се предлага слична резолуција, но американските власти, без оглед на тоа кој е претседател, цврсто се држат до санкциите кон Куба, кои осудија генерации Кубанци на сиромаштијата и речиси целосно ја изолираа островската карипска земја од светските текови. Изминативе години имаше гласања во кои само САД и Израел се против подигањето на санкциите.

Македонија, заедно со уште неколку земји, во изминатата година беше против или воздржана на сите резолуции во ООН во кои се гласаше против интересите на САД или нивните најблиски сојузници, како Израел. Слепото придржување до позициите и страната на „стратешкиот партнер“ продолжи и со повеќе резолуции со кои се бараше од Израел да ја запре агресијата врз Газа.

Земјава во ООН е без назначен амбасадор од лани во август, кога тогашниот претставник Љубомир Фрчкоски поднесе оставка на позицијата. Оттогаш, во Генералното собрание во име на Македонија гласа привремен претставник, чиешто име не е наведено во ниту еден јавен официјален документ на Министерството за надворешни работи, како ни на онлајн-ресурсите на Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ние, Америка и уште пет држави во…

Во нова демонстрација на беспоговорната послушност на…

Сопругата на кандидатот на ВМРО во Кичево…

Линдита Јовановска, сопругата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ…

Мојсовска: Дали вака Касами ќе отиде вака…

Убедливо најлошиот градоначалник во државава, Биљал Касами,…

Зијадин Села дел од Владата? Меџити: Не…

Изет Меџити не негираше дека политичарите од…

„Небаре работи во Систина“ – Ристовски со…

Во својата кандидатура да стане градоначалник на…