Ние живееме во 19 век: Со 7 тунели и 13 нови мостови Косово направи европска пруга до македонската граница

t

Додека македонската железница пропаѓа, косовската влада денеска организираше свеченост по повод завршувањето на работите на реконструкција на пругата од Косово Поле кај Приштина до македонската граница, до местото Генерал Јанковиќ (Хани и Елезит). Премиерот Аљбин Курти рече дека станува збор за пруга по сите европски стандарди со 13 нови мостови и седум тунели од кои еден е долг 262 метри, а друг 122 метри, а кои беа разурнати за време на војната од деведесетите години.

Според Курти, станува збор за еден од најважните инфраструктурни проекти за поврзување на Косово со регионот. Целта е поврзување на Косово со Скопје и Солун. Во план е почеток на избрадба на пруга која Косово ќе го поврзе со Драч, Албанија.

Ние живееме во 19 век: Со 7 тунели и 13 нови мостови Косово направи европска пруга до македонската граница.

Во соопштението на Владата на Косово се наведува дека вредноста на работите на оваа железничка делница е над 164 милиони евра, додека над 200 милиони евра е планираната вредност за преостанатиот сегмент до Митровица и од Митровица до северната граница на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…