Ние ќе ги смируваме: Курти и Вучиќ ги продолжуваат преговорите во Македонија!

t

„Имавме тежок состанок, ќе имаме уште. На 18 март би требало да се видиме на територија на Македонија, тогаш и господинот Борел ќе биде во посета на регионот. Дотогаш би требало да разговараме со Лајчак да разговараме за работите за имплементација“, порача Александар Вучиќ по низата состаноци со официјални претставници на Европската Унија (ЕУ) и косовскиот премиер Албин Курти.

„Во документот на ЕУ е истакната неопходноста од почитување на претходните договори. Господин Курти не беше подготвен да прифати Заедница на српски општини, не знам дали ќе биде во иднина. Од сите големи разговори, ништо посебно, но важно е дека разговаравме. Господин Курти дојде со намера да се потпишува нешто. Договорено е да продолжиме да разговараме. Како и да завртите, Заедницата на српски општини е на прво место. Видов дека се води кампања против Заедница на српски општини, утре детално ќе разговарам за тоа“, изјави вечерва српскиот претседател, Вучиќ.

Србија и Косово во април во 2013 година го потпишаа Бриселскиот договор. Европскиот предлог кој чека потврда на лидерите се смета најважен документ досега кој би требало да води кон сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…