Низ Европа забрзано се шири и подваријанта на Омикрон
На северот на Европа, веќе брзо се шири подваријанта на сојот омикрон на коронавирус, кој што е идентификуван и во Австрија.
Подваријантата „BA.2“ ги зафати Норвешка, Шведска и Велика Британија, а во Данска го потисна основниот вид „BA.1“ и стана доминантна.
Засега не се знае многу за подваријантата на сојот омикрон, изјави генетичарот Урлих Елинг за австриската агенција АПА, пренесува Танјуг.
Тој наведува дека мутацијата на сојот покажува дека само широко заснован имунолошки одговор може да доведе до ендемија
Со систематска анализа на отпадните води „BA.2“ е востановен и во Австрија.
„BA.2“ се разликува од основниот омикрон во 18 мутации на спајк протеинот.
Се претпоставува дека новата подваријанта би можела уште подобро да го „пробие“ имунитетот стекнат со претходна болест или вакцина.
Појавата и ширењето на подваријантата може да доведе до двоен удар, но, како што вели австрискиот генетичар, оние кои веќе се заразиле со омикрон не треба да се заразат со варијантата „BA.2“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…
Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…
Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта
По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…