Никнува уште една дивоградба? Во чија надлежност е грандиозниот споменик на УЧК? Министерството за транспорт и врски вели не била издадена дозвола од нивна страна

На 2 мај во селото Слупчане свечено ќе биде откриен споменик во чест на паднатите борци на ОНА. Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Липково Еркан Арифи, кој воедно објави и видео поврзано со конфилктот од 2001 година.
Тој претходно изјави дека споменикот го гради фирмата „ХОЏА инженеринг“ и чини 200 000 евра, дека е легален и регистриран во Министерството за транспорт и врски.
Од Министерството за транспорт и врски за Телма демантирале дека е побарана и дека била издадена дозвола.
Во Министерството за култура велат надлежноста е на Собранието или на единиците за локална самоуправа.
-Во овој случај се постапува според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, за што се надлежни Собранието на Република Северна Македонија или единиците за локална самоуправа. Министерството за култура во ниту еден сегмент не учествува во подигањето на современи споменици и спомен обележја, рекле од министерството за култура.
Во меѓувреме, изградба на споменик најави и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој очекува во скоро време советот на општината да ја прифати иницијативата на здружението на кумановските ветерани и во неговиот град да се изгради спомен обележје во чест на Кумановските бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од Кумановските настани од 2015 година.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БОМБА ОД МЕЏИТИ: ВО ВЛАДАТА Е ПОСТИГНАТ…
Првиот потпретседател на Владата на Македонија, Изет…
Апасиев: Фала, МИЦКО, брат – Нема Закон…
Фала, МИЦКО, брат, напиша на Фејсбук лидерот…
Утре продолжува судењето за поранешните водачи на…
Судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим…
ДПИ ќе провери дали е постапено по…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
Ахмети на кафе со генерали од УЧК
Лидерите од Европскиот фронт Али Ахмети и Зијадин Села по вчерашниот…