Никогаш да не се заборави: Се одбележуваат 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка

Од денеска до недела ќе се одбележуваат 80 години од 11 Март – Денот на депортацијата на 7144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка.
Одбележувањето ќе се одвива во Битола, Штип и Скопје. Делегациите на Собранието ќе положат цвеќе на спомен-обележја во овие три града од кои биле најбројни депортираните македонски Евреи во 1943 година.
Собраниска делегација, во состав: Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска, денеска ќе положи цвеќе во Битола пред Споменикот на жртвите на холокаустот од Битола и пред Споменикот на Естреја Овадија-Мара.
Утре, собраниска делегација во состав: Емилија Рамбабова и Никола Мицевски цвеќе ќе положи пред Споменикот на депортираните Евреи во Штип.
В недела, собраниска делегација во состав Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе оддадат почит на жртвите Евреи од Скопје. Ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на 7144 македонски Евреи во Тутунски комбинат-Монопол и пред Споменикот на депортираните Евреи и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Еврејски гробишта – Градски гробишта Бутел.
Македонските Евреи биле депортирани од Македонија по наредба на бугарскиот нацистички цар Борис Трети, за време на окупацијата на Македонија од страна на бугарскиот фашистички окупатор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…