Никола Димитров на „конструктивна средба“ со министерот за здравство Алиу
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров на Фејсбук објави дека имал средба со министерот за здравство Азир Алиу.
Во продолжение неговата објава на Фејсбук:
Конструктивна средба со министерот за здравство, Азир Алиу, околу иницијативата на граѓанската платформа Замисли за измени на Законот за здравствена заштита што ќе обезбедат фер вработувања на здравствените работници, врз основа на знаење и квалификации:
– зголемување на времетраењето и пристапноста на огласите за вработување;
– комисијата за селекција да ја избираат стручните колегиуми наместо директорите;
– директорите да можат да ги вработат само најдобро рангираните кандидати, без сегашното дискреционо право што им овозможува да ги вработат и најслабо рангираните;
– измени во бодувањето врз основа на консултации што ги направивме со еснафските членски организации, како и подзаконско регулирање на интервјуто и случаен избор на прашања за тест со ограничување на влијанието на човечкиот фактор.
Долгогодишната партизација на институциите ги прави нефункционални.
Крајно време е за растење и за департизација. Да почнеме од здравството, сектор каде дискреционите права на директорите се “заборавени” од законодавецот, каде клучни мора да бидат стручноста и знаењето. Никој не оди кај доктор затоа што е од “нашите”, “нивните” или “ничиите”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
На денешен ден Заев и Димитров беа…
На денешен ден пред 6 години тогашниот…
Димитров побарал aпaнaжа: Живеам од плата, не…
Од министрите и замениците министри кои не…
Димитров удpи по Ковачевски на Фејсбук: Салама…
Никола Димитров, поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, денеска…
И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…
Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…