Никола Попоски: Никој ништо не ни гарантира во францускиот предлог!

t

Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Попоски изјави дека францускиот предлог воопшто нема гаранции, но тоа, како што рече, може да се релативизира.

Според него, во овие услови никој ништо не гарантира и не треба да креираме очекувања дека сега некој ќе дојде и ќе ни каже „100 отсто сега вака ќе биде и по ваше“. Тоа, како што рече, нема да се случи.

„Ниту една земја членка кога го почнала процесот немала такви гаранции, единствена гаранција била – ќе станете земја членка. Кога – не се знае, во која форма – не се знае, под кои услови – не се знае, затоа е заедничката позиција на ЕУ“, изјави Попоски во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Попоски рече дека добро е што се покажува незадоволство и дека тоа мора да се артикулира, но нема да се исплашат земји како Франција и Германија кои имаат далуки понасилни протести и историја за насилни протести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните…

Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и…