Никола Саркози е осуден за корупција, една година ќе носи електронска алка на ногата

t

Суд во Париз го осуди поранешниот француски претседател Никола Саркози на една година затвор за учество во корупција, јавува „Ле Монд“.

Саркози е осуден на три години, од кои две се условни, а казната предвидува тој да биде во домашен притвор и да носи електронска алка околу глуждот, преку која ќе му се следи движењето. Судот ја отфрли ланската жалба на 69-годишниот десничарски политичар. Ова е првпат поранешен француски претседател да биде осуден на казна без можност за помилување. На Саркози исто така му е забрането да се кандидира на избори во следните три години.

Тој на денешното рочиште побара од својот адвокат да објасни дека тој ја прифаќа казната, но во исто време сака да поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Евентуалното судење пред Европскиот суд за човекови права нема да има суспензивно дејство на казната која му е изречена на Саркози.

Против поранешниот претседател се водат неколку судски случаи поврзани со корупција и трговија со влијание, поврзани со нелегално финансирање на изборна кампања од поранешниот либиски лидер Моамер ел-Гадафи, како и за давање поткуп и влијание врз сведоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…