Николовски: ЕУ потврди дека Министерството за земјоделие ги напуштило реформите во шумарството
По вчерашната изјава на премиерот Мицкоски дека „интензивно се работи на ЕУ агендата“, реагираше поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој на својот Фејсбук профил напиша дека “фактите го покажуваат спротивното и дека ЕУ Делегацијата во Скопје официјално потврди оти Министерството за земјоделство ги напуштило реформите во шумарството“.
„Не опозицијата, не некој друг – туку самата ЕУ го вели тоа,“ истакна поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски.
Тој во својата објава потсети дека во неговиот мандат, на негово барање, преку ЕУ беа обезбедени 1,5 милиони евра и поддршка за целосна трансформација на секторот. Како резултат на тоа, беа изработени нов европски Закон за шумите, Закон за формирање Агенција за шумите и шумската полиција, Закон за трансформација на ЈП „Македонски шуми“ и интегриран ИТ-систем за контрола на дрвната маса и шумските пожари.
„Но, за жал, ДПМНЕ ги повлече законите и реформите ги напушти, а софтверите за следење на дрвната маса се нефункционални – бидејќи некому очигледно му одговара хаосот, а не европски стандарди и контрола,“ потенцира Николовски.
Поранешниот министер во својата Фејсбук објава посочува и дека зад ваквите одлуки стојат „антиЕУ центри на моќ кои прават сѐ да не се успее“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николовски: ЕУ потврди дека Министерството за земјоделие…
По вчерашната изјава на премиерот Мицкоски дека…
Макрон сака голема дипломатска победа во ОН,…
Утре на конференцијата на Обединетите нации, францускиот…
Унгарија ја повикува ЕУ да го следи…
Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешни…
ДУИ: Европската иднина на земјата е блокирана…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ЕУ го забранува увозот на руски течен…
Европската Унија планира да забрани увоз на…