Николовски е горд што во Македонија има 4 нови системи за наводнување

t

Покрај реформата на системот на субвенции максималната искористенот на ИПАРД, системите за наводнување и капиталните проекти се еден од столбовите за кои што постојано работиме во овој период и се нашите главни цели. Затоа со германската развојна банка сме во развојна фаза за распишување на тендерските постапки за 4 годлеми ситеми за наводнување во износ од 120 милиони евра, парите се обезбедени, Законот е донесен, проектната единица е формирана и ние се гордееме што во Македонија денес збориме за нови 4 системи за наводнување, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој информира дека како министерство воведуваат нова мерка за поддршка на бизниси идеи во следните 5 години.

-Се помагаат помалите фармери чија основна дејност е земјоделството, за инвестиции и проширување на производствтото, или почнување фабрики за расад. Овој повик ќе е отворен цела година и ќе трае до исцрпување на средствата. Наместо ние да одредуваме за што ќе се дава поддршка, земјоделецот ќе може сам да подготви план и да аплицира за набавка на трактор, силос, систем за наводнување или друга инвестиција, рече меѓу другото Николовски во емисијата „Топ тема“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Младите бегаат од земјоделството и од државата,…

Бојан Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на производители…

Теологот Асани назначен за заменик директор во…

Несоодветни кадри назначени за директори и заменици…

Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за…

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги…

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…