Николовски: На сточарите ќе им бидат исплатени сите заостанати субвенции

t

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, престојуваше во Дебар каде во општинската зграда оствари средба со замјоделци од ова подрачје.

Од Дебар почнуваме со низата средби на кои детално, транспарентно и отчетно ќе го презентираме новиот модел за субвенционирање за земјоделците. Промената која ја предлагаме за сточарите предвидува субвенционирање на основните репродуктивни грла, односно тие што ќе даваат месо и млеко – објави Николовски.

Тој додаде дека се предлага зголемување на субвенциите, кај овците од 1000 на 1700 денари и кај млечните крави од 3000 на 4000 денари.

Дополнително со новиот модел сакаме да ја забрзаме исплатата за произведеното и предадено млеко и работиме на тоа да креираме систем каде исплатата на оваа мерка нема да доцни и ќе биде на месечно ниво – наведува Николовски.

Според него, оваа ќе биде прва година во која комплетно ќе бидат исплатени сите заостанати субвенции кон сточарите.

На подрачјето на двете општини сточарите располагаат со стадо од над 30 илјади грла овци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

Србија е единствената земја во регионот која…

Според податоците на Организацијата за храна и…

(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…

Вечерва хуманитарни “Тешки муабети” со Филип Петровски:…

Не прошуштајте ја денешната епизода на Тешки…

ЕК започна официјална истрага за кинеските субвенции…

Европската комисија денеска официјално започна истрага за…