Николовски: Обезбедени 140 милиони денари дополнителна поддршка за млекопроизводителите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната прес конференција истакна дека покрај основнинте дубвенции, за млекопроизводителите преку Интервентниот фонд се обезбедени уште 140 милиони денари.
Поддршката е за литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети од 1 октомври 2021-ва до 30 септември 2022 година, -појаснува министерот.
Мерката е усвоена на денешната владина седница. Како што објасни Николовски, 140милиони денари се предвидени во Интервентниот фонд, а се обезбедени со ребалансот на Буџетот зашто се навреме побарани.
-Мерката е итна и многу брзо ќе се реализира. Целта е намалување на трошоицте и загубите на мелкорпозводителите кои се јавија со последните поскапувања на репроматеријалите и сточната храна поради кризата, потенцира министерот.
Николовски повтори дека веќе се исплатени 670 милиони денари на над 20 000 сточари, а до 31 декември годинава сите долгови кон сточарите по основа на субвенции ќе бидат целосно исплатени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи…
Дозволете во име на СДСМ, од тука…
Теологот Асани назначен за заменик директор во…
Несоодветни кадри назначени за директори и заменици…
Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за…
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги…
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Електрични и трактори на водород на Меѓународен…
Темата на овогодинешниот Меѓународен саем за земјоделство…