Николовски: Парите од британскиот кредит треба да се искористат за проекти кои на некој начин ќе враќаат пари
Новинарот Љубиша Николовски во 24 анализа рече дека и британскиот и унгарскиот кредит се заеми кои ќе треба да ги враќа секој човек подеднакво.
Според него, најважно е да се употребат за проекти кои ќе може на некој начин да вратат пари во буџетот.
„Не знам зошто некој би честел 6 милијарди и потоа да бара да ги парите. Овие 6 милијарди и милијарда од унгарците тоа се 7 милијарди, тоа се пари кои ние треба да ги вртаиме. Од тие пари дел одат во инфраструктура што на некој начин може да враќа пари и тоа е добро. Железницата е добра ќе скрати време, ќе има движење на капитал но не ја знаеме трасата. Останатиот дел не е за нешто бизнис вложување, тие одат во потребни работи и тоа може да го подобри стандардот на граѓаните но нема да враќа пари“, рече Николовски.
Тој зборуваше и за тоа дека доколку остане францускиот предлог во процесот на евроинтеграции, потребно е да се воведе протокол преку кој ќе се мери работата на двете комсиии.
„Ако остане францускиот предлог таков каков што е и ако се додаде некој протокол преку кој ќе се мери работата на комиисијата тогаш може да има и шанси да се согласи бугарската страна. Македонија нема друг пат совен кон ЕУ. Мислам дека иако е падната довербата за ЕУ сепак мислам дека ќе останеме со таа желба“, рече Николовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…