Николовски по вчерашната акција на ОЈО ГОКК: Јавно апелирав дека ИПАРД 3 ќе крахира, ова не е изолиран инцидент
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во објава на Фејсбук ја коментира вчерашната акција на ОЈО ГОКК при што се приведени и се бара притвор за пет лица, меѓу кои и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството.
– Колку пати алармирав, укажував, зборев во текот на изминатата година – дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби. Предупредував јавно дека ИПАРД 3 ќе крахира. Дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата ИПАРД 3 програма, вредна околу 100 милиони евра, која требаше да биде двигател на македонското земјоделство.
Денес гледаме како тоа станува реалност – уапсен директор на Агенцијата, фатен на дело при земање мито, токму во институцијата што требаше да ја симболизира европската поддршка за нашите земјоделци, а воедно помогнат и од службеници кои биле дел од кабинетот на Министерот Трипуновски.
Ова не е изолиран инцидент, туку последица на политичко поставување луѓе без интегритет.
Срамно е да се дозволи успехот што го изградивме, 100% искористеност на ИПАРД 2, 2369 договори и реализирани инвестиции да биде доведен во прашање заради корупција и лични интереси.
И сега, дали поради сето ова Европската комисија веќе денес се подготвува за стопирање на ИПАРД 3 програмата за Македонија?
Дали ќе има стопирање на сите исплати за веќе реализираните инвестиции, стопирање на потпишување на нови договори и објава на нови повици ?
За само една година успеавте да ја уништите довербата што ја градевме со години, и притоа земјоделците да ја платат цената на вашата корупција и неспособност. – напиша Николовски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николовски по вчерашната акција на ОЈО ГОКК:…
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мислел дека ќе добие награда од 50…
Вчера во попладневните часови под раководство на…
Детали за акцијата на ОЈО ГОКК: Неофицијално…
Во акција на Министерството за внатрешни работи…
СДСМ: ВМРО ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени…
Прес конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија…
Пак да ги гласате: Пред три години…
Пратеникот Димитар Апасиев го коментира „зголемувањето на…