Николовски: Увозот на пченица од Србија треба да започне наредната недела
Колку количини на пченица, сончоглед, јачмен и останати суровини ќе се увезат од соседна Србија ќе зависи од македонските компании и трговците, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство, водостопанство, Љупчо Николовски при посетата на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант” во Штип.
Очекува следната недела, кога ќе завршат административниот дел и формалностите да почне увозот на лебното зрно и останатите суровини, за кои македонските компании имаат договорено со своите партнери од Србија.
Николовски посочи дека задача на Министерството и на Владата беше да обезбеди да се тргне забраната за извоз на пченица и на останати суровини од страна на Србија.
-Количините кои се неопходни ние ги прегледавме, искомунициравме и одржавме состаноци со сите комори, со сите економско-социјални партнери на Министерството, со сите компании, коишто имаат договори се со цел бидат земени предвид. Договорот којшто е постигнат е дека е отстранета забраната за извоз кон Република Северна Македонија и второ дека ќе се реализираат сите договори меѓу трговските партнери, вели Николовски.
Посочи дека како Влада не преговораат колку количини на пченица и на останатите суровини ќе се узвезат од соседна Србија, туку на компаниите им обезбедија да се тргне забраната
-Она што бевме информирани дека од Србија се бара и од многу европски земји, огромни количини на пченица и на други производи. Меѓутоа приоритет имаат земјите од „Отворен Балкан”, С Македонија и Србија се основачи на „Отворен Балкан” и гледаме дека како во време на светска криза, во време на војна, во време на затворени пазари, ние сега имаме отворен пазар. Ние сега имаме дијалог, соработка и го постигнавме тој договор, вели Николовски.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…
Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…
Вечерва хуманитарни “Тешки муабети” со Филип Петровски:…
Не прошуштајте ја денешната епизода на Тешки…
Украина го суспендира новиот коридор за жито…
Украина го суспендираше својот нов коридор за…
Лукашенко: Западот се подготвува да го пушти…
Белорускиот претседател рече дека Америка стои позади…