Николоски: За едно фотографирање во Брисел Владата на СДСМ и ДУИ ја понижи цела Македонија
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вели дека ние сме прва држава која има таканаречени две меѓувладини конференции.
С-огласно правилата на ЕУ започнувате почеток на преговори со меѓувладина конференција, во нашиот случај имаше фотографирање пред неколку дена и кога ќе го промениме Уставот и ќе кажеме дека Бугарите се основачи на нашата држава, на што секако ние се спротиставуваме и нема да го направиме, тогаш ќе почнеме пристапни преговори, тогаш ние може да ги почнеме преговорите, без никаква гаранција дека некогаш ќе ги завршиме, нагласува Николоски.
-Зошто го кажувам сето ова? Бидејќи ова создава голема фрустрација, голема поларизација и поделба на луѓето и комплетно ја уништува довербата во Европската Унија и ја руши секоја надеж дека има фер игра што ја става државата и регионот во многу тешка позиција затоа што сега нашите соседи велат штом го правите ова со Македонија зошто ние да правиме нешто друго, тие направија се, се понижија самите и се уште не можат да напредуваат, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…