Николоски: Мора и ние да бараме гаранции во однос на Бугарија, потребни се цврсти гаранции за самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ
„На Македонија и се случува мек напад, каде што ние уште ноември 2019-та година после т.н. позиција на бугарското национално Собрание до денес имаме една агресивна бугарска политика која што директно удира во темелите на македонската држава и македонскиот народ. Што не е изненадување. Тие таа политика ја имаат веќе 150 години од основањето на бугарската држава, но ја гледаме поагресивна во изминатите години. И можеби ова што се случува во Украина треба да е еден поттик малку посериозно да ги поставиме нашите позиции“,истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински Брифинг“.
Николоски додаде дека руско влијание во Бугарија има континуирано.
„Тргнете од јазикот кој што неколку пати е кодифициран, после Втората Светска војна. Што значи дека теоретски бугарскиот јазик е помлад од македонскиот јазик ако сакаме да одиме во тој тип на апсурди. Неговата последна кодификација е практично русификација на јазикот. Но, тоа е помалиот дел. Но, ако гледаме историски секогаш Русија, дали е тоа Царска Русија, дали е Советска Русија, бирала партнери на Балканот кои што не се во Скопје, не се во Македонија туку се или во Софија или Белград, понекогаш и во Атина. Не, смее да се потцени тоа влијание во Бугарија, гледаме што се случува со поранешниот премиер актуелен министер за одбрана на Бугарија и неговите ставови и како претседателот Радев излегува да го брани“, рече Николоски.
Николоски укажа дека е потребна поголема обединетост на Македонците и македонските политичари.
„Нашиот став кој што го искажувавме пред месец ипол – два и континуирано од тогаш го кажуваме мислам дека не се фати сериозно, а тоа е дека доколку Бугарија бара гаранции, тогаш мора и ние да бараме гаранции во однос на Бугарија. И мора да добиеме цврсти гаранции за самобитноста на македонскиот јазик и македонскиот народ“, нагласи Николоски.
Николоски посочи дека Македонија мора да добие цврсти гаранции во однос со спорот со Бугарија.
„И конечно мора да се престане да се користи процесот на евроинтеграции за дневно политички цели. Мислам дека процесот на евроинтеграции е најзлоупотребуван процес во Македонија, и секогаш кога шкрипи на Владата се користи процесот на евроинтеграција или да се предизвикаат предвремени избори во едно не такво далечно минато, или да не се оди на избори сега. И имаме смешни ситуации од типот на Кастриот Реџепи, влегувањето на Атернатива во Влада, и мислам дека таа реторика треба да се напушти“, истакна Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија богато ќе ги награди освојувачите на…
Владата во Софија на денешната седница донесе…
Апасиев до ВМРО-ДПМНЕ: Драги неспособњаковци, лекот за…
Лекот за Скопје е централизација, а не…
„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…
Русија ја обучила својата морнарица да насочува…
Советот на Европа ја повикува Бугарија да…
Комесарот за човекови права на Советот на…
Детали за трагедијата во Бугарија: Детето го…
6-годишно дете го уби татко си во…