Николоски: Ние нема да гласаме за промена на Уставот, францускиот предлог и да го прифатат нема да важи!

t

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, истакна дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за промена на Уставот.

– Вака, Владата не го протурка предлогот само заради реакцијата на народот, требаше да го поминат пред 3 недели, не го поминаа.

Има три чекори да се спречи ова, првиот е да продолжат масовните протести, во недела продолжуваме во 19 часот пред Влада, а ќе продолжат и блокадите низ државата.

Доколку сепак решат да го решаваат и поминат, вториот чекор е силен притисок за предвремени парламентарни избори, овие протести треба да се претворат во еден антивладин бунт. И третиот чекор, јасен да бидам пред јавноста, договорот не важи без промена на Уставот. За да се промени Уставот треба 2/3 мнозинство, а такво дури и сите да се обединат нема! Ние не гласаме за промена на Устав, значи договорот паѓа!, нагласи Александар Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

(Видео) Пренџов: Власта врши грабеж на граѓаните…

Власта го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и…

(Видео) Николоски: Почитувани пријатели, позади нас е…

Александар Николоски денеска на својот Фејсбук им…