Николоски: Од најмоќните, само една членка на ЕУ безусловно поддржува преговори за Македонија

t

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, смета дека од најмоќните земји членки на ЕУ само една безусловно поддржува почекот на преговори за земјава. Тоа што, рече тој во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, тие земји не го искажуваат тоа јавно е една работа, но друга е тоа што не прават ништо за да се тргне бугарското вето.

„Генерално има два патишта. Едниот е овој што го одбра Владата, а тоа е да се разговара со Бугарија и практично да се удоволуваат барањата на Бугарија, само прашање е во кој степен. Вториот е да се избере друг модел кој според нас е правилниот, а тоа е двонасочен модел. Првата насока значи силни реформи внатре во Македонија и втората значи робустен дипломатски притисок врз Бугарија со аргументи на силни реформи внатре во Македонија. Затоа што моето убедување е дека Бугарија не е единствениот проблем односно дека постојат, ќе бидам прецизен, од најголемите и најмоќни земји членки на ЕУ само една поддржува почеток на преговори на Македонија со ЕУ безусловно, а сите останати имаат резерви“, вели Николоски, кој потоа одговори дека земјата која безусловно поддржува преговори е Германија.

Според него, доколку има силни реформи, тогаш ќе има и јасна волја во најмоќните членки на ЕУ, па проблемот со Бугарија би можел да се реши во едно попладне.

„Да има јасна волја во главните градови на главните европски држави дека Македонија треба да почне преговори верувајте проблемот ќе се реши за едно претпладне или едно попладне. Ќе слета еден соодветен дипломатски претставник, ќе направи 3-4 средби во Софија, ќе ја заврши работата и вечерта ќе си вечера дома со семејството“,рече Николоски во „Клик плус“.

На прашањето дали тоа значи дека тој не е за дијалог, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека поддржува, но ние сега немаме рамноправен дијалог со Бугарија.

„Јас сум за дијалог, но ние овде немаме дијалог туку има наметнување и уцени затоа што одиме во една нерамноправна положба каде Бугарија е внатре, ние сме надвор и позицијата на Бугарија со мали модификации во зависност од тоа кој е премиер и претседател во дадениот момент, се сведува на: или ќе прифатите дека сте биле бугари и зборувате на дијалект на бугарскиот јазик или нема да почнете преговори со ЕУ“, рече Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…