Николоски: Од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина

t

Вицепремиерот и министер за транспорт денеска изврши увид на изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево, за која рече дека е најтешката траса од автопатскиот Коридор 8 на запад. Смета дека оваа делница целосно ќе го промени функционирањето на економијата, туризмот и за економскиот раст.

После 50 години, почнува изградба на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево, најтешката траса од автопатскиот Коридор 8 на запад, што значи дека помеѓу главниот град и Охрид и Струга ќе се патува за околу час и половина. Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, посочувајќи дека со оваа делница практично ќе се реши најтешкиот дел од она што треба да е автопат Скопје-Кичево-Струга-Охрид.

Навистина мислам дека имаме историски ден. Ова целосно ќе го промени функционирањето на економијата, туризмот, а ќе го забрза и економскиот раст. Ова ќе значи и голема поврзаност за сите“ рече Николоски.

На новинарско прашање каде ќе поминува трасата, Николоски рече дека таа тргнува од третата патарина, па продолжува до Гостивар или до четвртата патарина.

„Тука имаме комплетно ново решение од двете страни по три вкупно, односно шест ленти и плус помошен пат. Оттука го заобиколува градот Гостивар, се движи над реката Вардар, оди на три големи моста што одат лево од Стража, се заобиколува планината Стража, оди по планината и излегува од другата страна кај местото Букојчани. Од Букојчани над Кичево веќе ЈПДП е во претселекција за избор на изведувач за новиот автопат и понатаму од над Кичево до Охрид веќе е автопатот што се гради“ вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…

Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…

ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…

ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…

Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…

Двајца осудени за 27 април побарале помилување

Дел од обвинетите за организирањето на упадот…

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…