Николоски по стапките на Груевски на средба со француски компании во Париз: Ги имаме најдобите услови за инвестирање

t

Министерот за транспорт на француските компании им нагласил дека замјава е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација, а оти условите за инвестирање се меѓу најконкурентните во регионот
Министерот за транспорт Александар Николоски информира дека за време на работната посета на Париз одржал средба со најголемите 11 компании во Франција на кои им ги претставил условите за инвестирање во земјава.

Министерот за транспорт Александар Николоски на средба со претставници на француски компании
За време на средбата со претставниците на француските компании, Николоски им ги презентирал транспoртните политики на земјава преку инвестициските планови за изградба и унапредување на железничката мрежа, особено изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, чие унапредување, како што рекол, е особено значајно за поевтин и побрз карго транспорт за Централна Европа. Воедно, ги презентирал плановите и проектитe за унапредување на патната мрежа на европските коридори како и можностите за развој на авиосообраќајот.

„Македонија ги има наjдобрите услови за инвестирање, имаме развојни планови за подобрување на железничката и патната мрежа на европските коридори, а локациски има стратешка позиција која има големи компаративни предности пред другите земји во регионот“,

рекол Николоски на средбата со француските компании.
Министерот нагласил дека замјава е влезена во силен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во целокупна модернизација, а оти условите за инвестирање се меѓу најконкурентните во регионот.

Одлични среби во Министерството за економија и финансии на Франција

Средби со повеќе сектори и средби со различни…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Tuesday, June 24, 2025

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски по стапките на Груевски на средба…

Министерот за транспорт на француските компании им…

Сиљановска-Давкова на свечениот прием кај кралот и…

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова деновиве…

Велика Британија купува 12 борбени авиони што…

Британската влада најави дека ќе набави 12…

Меџити: Вработувањата на Албанците станаа законска обврска…

Вработувањата на Албанците станаа законска обврска за…

Перо Антиќ откри: Панчо ќе направи концерт…

Поранешниот кошаркар Перо Антиќ, гостувајќи во поткастот…