Николоски соопшти: Утре ќе се одлучува дали Русија ќе биде исфрлена од Советот на Европа

t

Денес и утре, Парламентарното Собрание на Советот на Европа одржува итна сесија на која единствена точка е воeната агресија на Русија над Украина, а во текот на утрешниот ден, во пресрет на гласањето во однос на предлогот за активирање на член 8 во вечерните часови, се очекува обраќање да имаат пратениците.

Меѓу нив ќе биде и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во изјава за Фокус вели дека се очекува да се усвои заедничка позиција со која, како што посочува, ќе се побара активирање на членот 8 од Статутот на Совет на Европа, според кој, доколку Русија самата не истапи од членство, ќе биде исклучена.

Исклучувањето на Русија е голем удар за неа и силна порака на останатите земји-членки дека воената агресија е најлошото нешто што може една држава да го направи. Никакви изговори и оправдувања не може да оправдаат војна – вели Николоски.

Тој додава дека Советот на Европа е основан во 1949 година на урнатините на Втората светска војна, со цел, нагласува Николоски, на Европскиот континент да овозможи соработка и основно почитување на човековите, јазичните и малцинските права, а страдањата од војната никогаш да не се повторат.

Советот на Европа е толку значаен, што исклучувањето од членство може да се спореди само со иклучување од членство во Обединетите нации – објаснува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа.

Покрај него, во Парламентарното Собрание на Европа учествуваат и Дарко Каевски од СДСМ и Арта Биљали Зендели од ДУИ.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Девизните резерви на Русија срушија нов историски…

Девизните резерви на Русија достигнаа 650,4 милијарди…

Макрон: Не е време за укинување на…

Францускиот претседател Емануел Макрон, на денешниот самит…

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем…

Албанија и Црна Гора постигнаа поголем напредок…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…