Николоски ја шокираше јавноста: Пругата до Бугарија завршува со тунел што нема крај, еден километар чини 24 милиони евра

t

Новиот министер за транспорт го повика Јавното обвинителство да влезе во Железници Инфрастуктура и Државни патишта за да го истражи нивното работење, по објавениот ревизорски извештај.

Според Николоски, тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија е распишан непосредно пред изборниот период и намерно е темпиран да заврши кога новата влада нема да може да го поништи оти потписите на министрите се уште не се депонирани.

Вредноста е зголемена за 220 милиони евра, односно чини 560 милиони евра, наместо планираните 340. Се работи за изградба на 23 километри железница, а ако пресметате ќе добиете дека еден километар чини 24 милиони евра што е најскап километар во светот, тврди тој.

„Се работи за железничка пруга која треба да оди од пред Крива Паланка до граница со Бугарија. Поминува среде град, среде Крива Паланка. Треба десетици, можеби и стотици куќи да се рушат, да се иселува население и најбитното: завршува во тунел којшто нема крај. Во услови кога Бугарија нема направени ни проект за железничко поврзување со Македонија, затоа што е точно дека Бугарија има железница, но таа е на неколку километри од границата со Македонија и воопшто е прашање дали тие би го испроектирале на овој начин“ – Александар Николоски, министер за транспорт

Коментирајќи го делот за Бехтел и Енка, Николоски рече дека договорот нема да се раскине, но вети дека ќе биде декласифициран и достапен за јавноста.

„Треба да сме одговорни кон народните пари. Исплатени се веќе 250 милиони евра, тоа е јавно познат податок, кон изведувачот. Неодговорно е да се раскине договор на веќе исплатена огромна сума на средства, тоа се изгубени средства. Одговорно е да се седне и да се разговара колку најмногу километри автопат може да се добијат за оваа рамковна сума којашто е поставена таму“ – Александар Николоски, министер за транспорт

Николовски најави смена на директорите на Железници Инфраструктура и Државни патишта оти самите не сакале да си дадат оставки. За тоа кој ќе седне во директорските фотелји ќе треба да се договорат трите коалициони партнери во Владата, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…

Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…

Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…

Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…

Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…