Објавено на:

Никој веќе не се вакцинира: Бугарија уништува Ковид-вакцини со поминат рок

t

Бугарија уништува големи количини на  вакцини со изминат рок против Ковид-19 и не планира да ги обнови своите резерви, изјави бугарскиот министер за здравство Асен Меџидиев.

„Во моментот,  никој не сака да се вакцинира“, рече Меџидиев во интервјуто на државната телевизија.

Веќе се уништени огромни количества на вакцини со изминат рок, а уште на 2,8 милиони дози ќе им истече годинава рокот. Тој и соопштил на Европската комисија  дека Бугарија сака да стави крај на договорот со Биотек / Фајзер, според кој Бугарија е должна да купува вакцини против коронавирус до 2025 година.

Меџидиев истакнал дека овој став го поддржувааат и  Полска, Чешка и Литванија. Инаку, Бугарија има најниска стапка на вакцинирани во Европската унија. Според официјалните податоци, од 6,5 милиони население само 30 проценти имаат примено основна доза на имунизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…

Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…

Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…

Двајца државјани на Македонија се приведени на…

Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…

Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…

Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…

Гаража или паркинг место за автомобил во…

Словенија испраќа војници во Бугарија со цел…

Словенечки војници ќе бидат испратени во Бугарија,…