Никој во Македонија не е против албанскиот јазик, ветераните на УЧК се добредојдени во Македонија, вели Мицкоски за косовската „РТК“

t

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во интервју за косовската „РТК“ изјави дека никој во Македонија не е против албанскиот јазик. Позицијата на Албанецот во неговата земја, вели тој, е вештачка тема што поединци се обидуваат да ја наметнат.

„Верувајте ми, ова не е загрижувачко, никој не е против албанскиот јазик. Напротив. Ова е вештачка тема. Ова не е тема што некого инхибира или не инхибира, ова е тема што сенките на минатото се обидуваат да наметнат затоа што немаат друга тема“, рече Мицкоски.

Тој наведе дека Законот за употреба на јазиците веќе пет години седи во фиоката на Уставниот суд и дека токму во мандатот на неговата влада оваа тема повторно е на дневен ред.

„Тоа е прашањето, како овие исти уставни судии, кои беа изгласани од претходното мнозинство на СДСМ и ДУИ, пет години го чуваа сето ова во фиока и сега одеднаш, кога дојде нова влада, проевропска, реформска влада, оваа тема излезе на површина“, истакна Мицкоски.

Тој рече дека употребата на албанскиот јазик во Македонија не е загрозена.

„Во Скопје се играше и „Шота“ и српско коло, турски чочек и „Тешкото“ македонско оро. Ќе ги има и во иднина. Обединети сме во разликите. Додека јас сум на чело на Владата ќе се игра со што ќе се зближуваме, а не раздвојуваме. Таква е државата и ние сме обединети во различностите“, рече Мицкоски.

Говорејќи за договорот за заеднички премини меѓу Косово и Македонија, Мицкоски беше прашан дали ветераните на ОВК ќе бидат запрени врз основа на потерници од Србија, на што тој повтори дека секој што не ги прекршил законите и Уставот на Македонија имаат право да влезат низ земјата или да останат.

Тој додаде дека заедничката седница на владите на Косово и Македонија била квалитетна и дека „ќе следат многу позитивни и убави работи“, особено во економска смисла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој во Македонија не е против албанскиот…

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во интервју за…

Мицкоски од Приштина: Вицепремиерот Стоиљковиќ гореше од…

Сите политичари од минатото, коишто се темни…

Браво, не како до сега… Мицкоски: Поранешните…

Претседателот на Владата на Република  Македонија, Христијан…

Романците скандираа „Косово е Србија“, Косовците го…

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори дисциплинска постапка…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…