Никој до сега не се разболел од ѓубретo, велат од ИЈЗ

t

Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје, но треба да се внимава посебно во овој период, додека не се расчисти сметот, порача доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје.

-Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да се исфрла смет. Ракавиците, сепак стојат како опција кога се исфрла сметот. Дезинфекција на рацете, да се исфрла сметот во простор определен за тоа. Да не се создаваат диви депонии. А со тоа ќе се овозможи и да не се шират тие заболувања. Секако дека тука е и апелот и до властите, тие што се надлежни за тоа, сметот да се собира навремено и да не доаѓаме до вакви ситуации, истакна попладнево во изјава за медиуми, доктор Кочински.

Изминатиот период на улиците во Скопје имаше несобран смет, па, тој одговараше околу тоа, кои се препораките на Институтот за јавно здравје за заштита.

Тој подвлече дека препораките важат за период кога има натрупан смет и кога треба да се внимава на сопственото здравје и на здравјето на другите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој до сега не се разболел од…

Досега не се забележани некои заболувања што…

Швајцарска енергетска корпорација на чекор до купување…

Компанијата Лукоил најави дека ќе ги продаде…

Антикорупциска ќе проверува дали „Систина“ му е…

Државната комисија за спречување корупција отвори предмет…

Во Скопје уапсен 32-годишен бегалец од затвор,…

На 29.10.2025 околу 20:00 часот на ул.…

„Тешкото“ одекна во Виена: Стоечки овации на…

Македонската филхармонија одржа концерт во Златната сала на…