Никој нема да ме спречи да ги избркам сите што не работат, а земаат плата – КХС мора да биде сервис на граѓаните, објавена снимка од разговор помеѓу Косана Мазнева и „бунтовниците“ во КХС

t

На социјалните мрежи попладнево се појави снимка на која според објавувачот се работи за гласот на директорката на Комунална Хигиена Скопје Косана Мазнева-Николиќ, која на групата насобрани кои ја блокираа работата на претпријатието и одбиваа да одат на работа, како им објаснува дека ако продолжат со блокирање на претпријатието, ќе бидат избркани и ќе добијат кривични пријави.

Инаку, блокирање на дејност од јавен интерес е кривично дело согласно Кривичниот законик, како што е и неовластено снимање.

Мазнева, вели дека граѓаните не се должни и не се виновни за ништо, и дека нема да попушти под притисокот да ги повлече отказите за лица кои земале плата а не се појавувале на работа.

„Нека си мислат на семејството и на лебот, нека не ги штитат. Ако сум ги огласила тие десетмина и се поднесени кривични пријави, ништо не ме спречува да огласам уште 200. Треба да се качат во камионите и да бидат сервис на граѓаните. Ова не е штрајк, затоа што за штрајк има процедура. Ова е бунт. И не се оди против мене туку против граѓаните. Ќе ги објавам сите на огласна табла и ке има кривични пријави со дебели аргументи. Не се граѓаните виновни, лето е, 40 степени, стаорци ќе почнат да излегуваат. Тие што нема да се качат во камионите добро нека размислат, нека не се појавуваат в понеделник“, вели Мазнева во разговорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кешишев точел гориво во 5 наутро, Обвинителството…

Со читање на денешното рочиште за убиството…

Никој нема да ме спречи да ги…

На социјалните мрежи попладнево се појави снимка…

Спасовски за случајот со КХС: Да се…

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше…

Божиновски: КХС е само едно претпријатие, којзнае…

Битолчанецот Божидар Божиновски даде краток коментар по…

Граѓани без совест: Град Скопје и ЈП…

​Во текот на изминатиов викенд непознати сторители…