Ниту една денешна точка не добила мнозинство: Уставниот суд апелира да се изберат судии што побрзо

t

Уставниот суд денеска ја одржа дванаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите петмина судии. На дневен ред беа ставени три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата на граѓанин, но за ниту една од точките не се донесе одлука/решение поради недоволното мнозинство на гласови. Ова е прва седница на Судот на која не се донесе ниту една одлука или решение од точките предвидени на дневен ред.

-Уставниот суд повторно алармира за сериозноста на ситуацијата затоа што доведено е во прашање носењето на одлуки поради некомплетниот состав веќе неколку месеци. Се работи на граница на кворум за одржување на седници, информираме дека повеќе од 30 предмети за кои не е добиено мнозинство во изминатиот период чекаат комплетен состав на уставни судии. Состојбата загрижува со оглед дека остануваат голем број на предмети поради недобиено мнозинство, а постои опасност иницијативите кои во меѓувреме пристигнуваат да треба да чекаат повеќе од предвидениот период за ефикасно решавање кое Судот го предвиде во годишната програма.  Ве известуваме дека предметите кои денеска беа ставени на дневен ред (У.бр.144/2021, У.бр.59/2020, У.бр.8/2022 и 52/2020) ќе бидат повторно ставени на гласање на некоја од наредните седници кога Уставниот суд ќе има комплетен состав, информираат од судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…

Постапката е запрена поради сменети искази на…