Ниту една фирма не сака да оценува вести за Владата, објавен втор оглас за прес-клипинг

t

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on premise deployment“, објави „Мета“.

Причината, како што е наведено во известувањето за поништување објавено на Порталот за јавни набавки, е поради тоа што не била поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда за набавката​.

Со огласот (бр. 03756/2025), објавен на 5 март 2025 година, Владата бараше компанија што ќе изработи сеопфатен софтвер кој ќе врши мониторинг на медиумите – електронски, печатени, онлајн и објави на социјалните мрежи – и ќе ги оценува содржините како позитивни, негативни или неутрални. Дополнително, се бараше и дневен извештај до 9 часот следниот ден со детални податоци за медиумските објави, вклучително и име на медиумот, авторот, содржина и линк до оригиналниот извор​.

Планираниот систем требаше да биде опремен со вештачка интелигенција, да биде достапен преку мобилна апликација, како и да функционира и offline за делот со транскрипција на говор во текст. Софтверот, според техничката спецификација, беше наменет за потребите на околу 30 државни институции и политички органи.

На страницата на Бирото за јавни набавки е објавено дека тендерот пропаднал бидејќи не се пријавила ниедна фирма. Службата за општи и заеднички работи на Владата објави нов, втор тендер за прес-клипинг со истите услови како во претходниот тендер. Новиот тендер е објавен на 25 април, а отворен е до 27 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…

Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…

Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…

На денешната 82 редовна седница на Владата…

ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…

ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Владата ги обвини родителите на починатите од…

Владата денеска ги обвини родителите од Кочани…