Објавено на:

Ништо од договорот: Русија вели дека нацрт украинскиот мировен договор е „неприфатлив“

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нагласи денеска дека нацрт-мировниот договор предложен од Киев на Москва содржи „неприфатливи“ елементи. Тој доаде дека Русија сепак ќе продолжи со преговорите и ќе работи на исполнување на сопствените безбедносни барања.

-Мировните разговори Москва-Киев не напредуваат толку брзо како што се посакува, рече Лавров, обвинувајќи го Западот дека се обидува да влијае со привлекување внимание на наводните воени злосторства за кои Москва негира одговорност.

– Украина во средата предложи мировен договор што отстапува од предлозите претходно договорени од двете страни. Оваа неможност повторно да се постигне договор ги покажува вистинските намери на Киев, да се повлече од договорот и да ги расипе преговорите бидејќи се откажува од договореното, рече Лавров.

– Предлозите на Киев се „неприфатливи“, нагласи тој.

Официјален Киев се уште не ја коментираше изјавата на шефот на руската дипломатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Аксиос“: Неуспешен обид за организирање нов состанок…

Претседателите на САД, Доналд Трамп и Реџеп…

„Билд“: Германската влада ќе обезбеди пари за…

Германската влада ќе обезбеди пари за дополнителни…

Трамп вечерва го собира својот тим за…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата…

Путин предупредува: Постои зголемен ризик од глобален…

Рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски…

Македонија повторно горда: Парада на гордоста во…

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во…