Ништо од помирувањето: Русија прогласи сто Канаѓани за непожелни личности
Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека сто Канаѓани се додадени на листата на луѓе на кои им е забранет влез во земјата како одговор на санкциите што Канада ги воведе кон Русија.
На листата на кои им е забранет влез во Русија се и писателката Маргарет Атвуд, актерот Џим Кери и Ејми Најт, истакната историчарка која ја проучува историјата на КГБ.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека им се забранува влез на Канаѓаните кои се вмешани во „обликувањето на агресивно антирускиот курс” на Канада. Исто така се наведува дека голем број од лицата на кои им е забранет влез во Русија се поврзани со украински организации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…
Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…
Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…