Ништо од протестот на судиите – Владата ги задоволила нивните барања

t

Предупредувачкиот протест, најавен за 28 април од страна на Здружениот на судии на РМ, се пролонгира од причина што од Владата се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто, информираат од Здружението.

Од таму изразија надеж дека овие измени во најкраток можен рок, ќе бидат усвоени од страна на Собранието.

– Управниот одбор и понатаму ќе го следи процесот на реализација на веќе договорените прашања со Владата на РСМ и целосна имплементација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите, за што, во секое време ќе ги активира сите расположливи правни и останати механизми до целосно остварување на зацртаните определби, велат од Здружението на судии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…

Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…