Ништо од укинувањето… Новиот состав на Историската комисија се сретна со Муцунски
Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски одржа протоколарна средба со новите членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Според МНР, Муцунски во краткото обраќање пред членовитете на Комисијата истакнал дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети им стои на располагање во процесот на одговорно и непречено понатамошно извршување на нивните редовни активности.
-Тој посочи дека одлуките и дискусиите во рамки на комисијата треба да бидат водени врз основа на научни аргументи и со целосно почитување на академската слобода. Воедно, ја истакна и личната заложба за независност во одлучувањето на комисијата, без никакви политички влијанија и притисоци, велат од ресорот преку соопштение.
Драги Ѓоргиев седум години го водеше македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија. Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Досега усвоија препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.
Владата во септември на затворена владина седница како прашање од висок приоритет – го смени составот на Мешовитата комисија за историски прашања со Бугарија, меѓу кого и Ѓорѓиев. Иако за смената се крена голема прашина и паднаа тешки зборови на сметка на претходниот состав и неговата работа, во неа нови се само четворица, вклучувајќи го и Ванчо Ѓорѓиев кој сега ќе ја води, откако во октомври 2021 година си даде оставка, наводно поради политички притисоци и напуштање на црвените линии за преговори што ги утврди Собранието на Македонија.
Заедничката комисија за историски и образовни прашања, пак, беше формирана според Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што на 1 август 2017 година во Скопје го потпишаа тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов.
За разговори, Скопје ќе чека политичка влада кај источниот сосед, по изборите на 27-ми октомври.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: После свадба тапани е реакцијата на…
После свадба тапани, се реакциите на кабинетот…
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и…
Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…
Марија Јаничевска е предложена за директорка на…
Марија Јаничевска е предлог за директорка на…