Ни ги потрошивте животите: Во ЕУ мало сутра

t

Новинарот и аналитичар Милош Милошевски, на социјалните мрежи го коментираше трнливиот пат на Македонија кон Европската Унија, која, никако да ги отвори портите за нас.

Мало сутра во ЕУ…

На сите што не им е јасно дека ниту годинава нема да почнеме преговори со ЕУ (читај Османи и останати пазарџии) кратко објаснување.

Во интервју новиот бугарски премиер Кирил Петков кој може има завршено во Харвард и е американски човек, вели дека ако попушти во спорот со Македонија неговата Влада ќе падне во рок од неколку дена и сосема е во право.

Повеќе од 80 проценти од Бугарите сметаат дека не треба да попуштат во спорот со Македонија.

Бугарија има клучна геостратешка позиција на Црното море и во услови на зголемени тензии помеѓу НАТО и Русија, на Американците им е од клучно значење Бугарија да е под нивна контрола, односно контрола на нивен прокси како Петков.

За да ЕУ не рани, Американците нема да ризикуваат да го изгубат Петков и нивната Влада во Софија.

Слави Трифонов е шоумен, со таков настап ги доби и гласовите и довербата на своите поддржувачи, така и ќе продолжи, а во своето надополнување на статусот во кој бараше безвизен режим и влез во Шенген за Бугарија напомена дека северномакедонците мораат да ги признаат своите бугарски корени и дека ова е прашање за кое нема компромис и нема преговори.

Епа сега мора да напоменам дека министерот за надворешни, работи на Бугарија, Теодора Генчова е од партијата на Трифонов, се работи бугарска воена историчарка индоктринирана во бугарски историски нац-шовинизам.

Не сонувајте за почеток на преговори во годиниве што се пред нас ако не ни се случи ново национално предавство како што ни се случи во преговорите со Грција. Но во услови на длабока економска криза, енергетска сиромаштија и 1200 новозаразени на ден верувам и убеден сум дека Владата ќе гори како во Јужна Африка парламентот доколку денес ни се случи такво нешто.

Дополнително морам да напоменам дека и да ги почнеме утре преговорите со ЕУ во наредните 15 години ние теоретски шанси нема да стане полноправна членка на ЕУ.

Најголемата трагедија се сите овие изгубени години за Македонија, изгубени генерации кои живеат на ветувања, а на тие што им е збогтисано веќе си заминаа и се во ЕУ подолго време.

Да не заборавиме дека во 2018-та година кога цел свет доживуваше економска ренесанса, ние имавме нула посто раст на БДП со Владата на Заев, ова се изгубени години на економски и на секаков план, нашите политичари ни го трошат времето, ни ги трошат животите, единствениот ресурс кој реално е ограничен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ