Објавено на:

Нобелова награда за мир за Јапонците што ги преживеаја ужасите на атомските бомби

t

Нихон Хиданкјо, јапонското здружение на луше што ги преживеале експлозиите на атомските бомби, е добитник на Нобеловата награда за мир за 2024 година, за „напорите да постигне свет без нуклеарно оружје и за ширењето свест, преку лични искуства, дека нуклеарното оружје никогаш повеќе не смее да биде употребено“.

Изборот на лауреатот е големо изненадување за светската јавност, која очекуваше да бидат наградени напори за запирање на војните на Блискиот Исток и Украина, за помош на цивилите во Газа или за борците за човекови права во Иран и Кина. За најголеми фаворити важеа Обединетите нации и нивното здружение УНРВА или генералниот секретар Антонио Гутереш, а најатрактивни имиња меѓу предложените кандидати беа Џулијан Асанж и папата Франциск, но и Володимир Зеленски, Јенс Столтенберг, Доналд Трамп и Илон Маск.

Нобеловата награда за мир лани ја доби иранската активистка Наргес Мохамади „за нејзината борба проти репресијата на жените во Иран и за борбата за промовирање човекови права и слобода за сите“. Мохамади сѐ уште не ја примила лично наградата, бидејќи отслужува казна во озлогласениот затвор Евин во Техеран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нобелова награда за мир за Јапонците што…

Нихон Хиданкјо, јапонското здружение на луше што…

Ковачев на Фејсбук: Сања Божиновска е подложена…

„Неколку месеци, Сања Божиновска, министерка за енергетика…

(Видео) Километарски колони и голема гужва на…

Утрово граѓаните ја напуштаат земјава за продолжениот…

Путин: Неопходен е нов светски поредок

Претседателот на Русија, Владимир Путин на регионалниот…

(Видео) Маж спасен на 48 километри од…

Американската крајбрежна стража спаси маж кој се…