Новата американска амбасадорка ја започнува дипломатската мисија во Македонија

t

Новата американска амбасадорка Анџела Прајс Агелер го почна процесот на нејзината дипломатска мисија во земјава.

Вчера му ги предаде копиите од акредитивните писма на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи а денес акредитивите во оригинал ќе ги достави кај претседателот Стево Пендаровски.  

На средбата во МНР, меѓу другото, било изразено очекувањето дека на ваков начин ќе продолжи цврстото стратешко партнерство помеѓу двете држави, но и во рамки на НАТО алијансата со посебен акцент на руската воена акција во Украина како и за идното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година. 

Непосредно пред доаѓањето во земјава, во презентацијата пред членовите на американскиот Сенат, Агелер најави дека ќе се залага за одговорност на корумпираните политички актери во Македонија.

Во тој контекст борбата против корупцијата, подобрувањето на владеењето на правото, зајакнувањето на инвестициската клима, како и градењето отпор на малигни надворешни влијанија, вклучително од Русија и од Кина.

Агелер порано работела како министерски советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција; вршител на должноста главен заменик помошник државен секретар за Бирото за прашања од Јужна и Централна Азија и Канцеларијата на специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан во Вашингтон; и заменик помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија.

Во својата кариера Агелер работела како службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје, Македонија и обавувала други должности во повеќе земји од Азија, Европа и Африка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…