Објавено на:

Новата словенечка влада со промени во администрацијата

t

Само неколку часа по полагањето заклетва, новата словенечка Влада разреши неколку контроверзни високи функционери од претходната администрација, јави ДПА.

За време на првата седница доцна синоќа, кабинетот на премиерот Роберт Голоб го разреши началникот на федералната полиција Антон Олеј. Поранешниот шеф на криминалистичката полиција Боштјан Линдау ќе ја преземе функцијата.

Полицијата, за време на претходната влада на Јанез Јанша, која не победи на парламентарните избори во април, постојано ги растеруваше антивладините протести, при што некои учесници и активисти беа казнети со високи казни. Шефот на владината прес-служба, Урош Урбања, лојален на Јанша, ќе го замени Драган Барбутовски, кој досега ја водеше канцеларијата на Британскиот совет во Словенија. Како што пренесуваат агенциите, под водство на Урбања, „прес-службата стана пропагандна машина на Јанша“. Таа, исто така, како што наведуваат, „се обиде да ја поткопа независноста на јавната агенција СТА“.

Непосредно пред првата седница на Владата, словенечкиот Парламент со 53 гласа „за“ и 28 „против“ ја одобри Владата на Голоб. Владата е коалиција на лево-либералната формација на Движењето за слобода на Голоб, социјалдемократите и левицата. Кандидатурата на Голоб за премиер беше поддржана од Парламентот на 25 мај. Тања Фајон ќе биде новиот министер за надворешни работи на Словенија. Таа е лидер на социјалдемократите и беше пратеник во Европскиот парламент од 2009 година до минатиот месец, кога беше предложена за министерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…

Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…

Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…

Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…

Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…

На денешната 82 редовна седница на Владата…

ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…

ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…