Нова анкета: Повеќето жители на ЕУ ја гледаат Русија како непријател
Повеќето Европејци ја гледаат Русија како противник по нејзината инвазија на Украина, покажува истражување во кое учествувале над 16.000 луѓе во 11 држави членки на Европската Унија.
Две третини од Европејците ја гледаат Русија како противник поради нејзината инвазија на Украина, е резултатот на анкетата на Европскиот совет за надворешни односи, спроведена во април. Тоа е двојно повеќе од 2021 година, кога истражувањето било последен пат спроведено.
„Конкретно, повеќето во Данска (74 отсто), Полска (71 отсто), Шведска (70 отсто), Холандија (66 отсто), Германија (62 отсто) и Шпанија (55 отсто), ја сметаат Русија за „противник“ на Европа – додека процентите се најниски во Италија (37 отсто) и во Бугарија (17 отсто)“, се наведува во извештајот.
Анкетираните одговарале и на прашањето за односот на Европа со Москва во иднина.
„Околу половина од анкетираните (48 отсто) веруваат дека односот на нивната земја со Русија, во случај на постигнат мировен договор во Украина, треба да биде „ограничен““, се наведува во извештајот.
„Единствената земја во која мнозинството (51 отсто) од граѓаните изразиле став дека треба да биде „целосно кооперативна“ била Бугарија. Многумина во Австрија (36 отсто) и во Унгарија (32 отсто) исто така го поддржуваат овој став“, се додава.
Во анкетата биле истражувани и ставовите кон безбедносните гаранции кои на Европа ѝ ги даваат Соединетите Американски Држави, како и за тоа дали Европа треба повеќе да вложува во својата одбрана. Некои лидери на ЕУ, особено францускиот претседател Емануел Макрон, повикуваат Европа да развие стратегиска автономија, способност да се брани независно од САД.
Речиси три четвртини од анкетираните навеле дека Европа не може секогаш да се потпира на САД за сопствената безбедност.
„Можете тоа да го протолкувате, нормално, како знак дека Европејците повеќе не им веруваат на Американците како во минатото. И во таа смисла, можеби претседателството на Доналд Трамп остави трајна штета во таа смисла“, вели Павел Зерка, еден од авторите на извештајот.
„Но можете да имате и добронамерно толкување според кое – едноставно поради војната во Украина и руската инвазија на Украина – Европејците се поспремни да преземат одговорност за својата безбедност“, додаде Зерка.
Анкетата покажува и дека Европејците имаат подобро мислење за Кина во однос на Русија, при што мнозинството го гледаат Пекинг како неопходен партнер.
„Повеќето анкетирани (43 отсто) ја сметаат Кина за „неопходен партнер) на својата земја. Оваа позиција ги става поблиску до политичките позиции на германскиот канцелар Олаф Шолц и на францускиот претседател Макрон, отколку на оние кои се против Кина, како претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен“, се наведува во извештајот.
Меѓутоа, повеќето Европејци се против идејата за кинеска сопственост над клучната инфраструктура, додека 41 отсто од анкетираните кажале дека ако Пекинг ѝ даде оружје на Русија, ЕУ би требало да му воведе санкции на Пекинг, дури и ако тоа им наштети на западните економии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…