Нова Влада од 17 јануари: Ковачевски на пладне ќе го достави списокот во Собрание
Мандаторот за состав на новата влада и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска напладне на претседателот на Собранието, Талат Џафери, официјално ќе му ги достави Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата влада.
Ковачевски синоќа, на прес-конференција по завршувањето на седниците на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ, ги објави имињата на предложените членови на новата влада од оваа партија.
За вицепремеир за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси е предложена Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, за вицепремир задолжен за економски прашања коориднација на еконсмките ресори и инвестиции – актуелниот Фатмир Битиќи, а за вицепремиер за европски прашања е предложен Бојан Маричиќ.
За министер за одбрана е предложена Славјанка Петровска, пратеничка во СДСМ, поранешен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, за министер за внатрешни работи – актуелниот Оливер Сапсовски, за министер за правда проф. д-р Никокла Тупанчевски од Правниот факултет во Скопје, за министер за земјоделство Љупчо Николовски,кој и порано раководеше со овој ресор.
За министер за труд и социјална политика – Јована Тренчевска, директорка на Државниот инспекторат за труд. за министер за култура Бисера Костадинова-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ и претходно порофесор на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Битола. За министер за транспорт и врски е предложен актуелниот Благој Бочварски.
Од сите нив, како што рече Ковачевски, очекува максимално посветена работа во интерес на граѓаните и остварување на ветеното.
Тој најави дека составот на Владата и владината програма денеска ќе ги достави во Собранието.
– Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизвици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. Поставуваме навистина високи цели, но сигурен сум дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме – изјави синоќа Ковачевски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во својата завршна годишна изјава на крајот од декември, најави дека ако предлогот за нова влада пристигне до 11 јануари, во консултации со пратеничките групи, ќе определи датум за одржување на седницата, која најверојатно би била на 15 или на 16 јануари. Тој додаде дека очекува новата Влада да биде изгласана на 16-ти пред полноќ, и таа да биде функционална на 17 јануари 2022 година.
Согласно Законот за Влада, Владата ја избира и разрешува Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. При предлагањето на составот на Владата, мандаторот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Владата стапува на должност со денот на изборот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…